Ekvalis
17.1.2023
Настани
Институционалниот молк активно го охрабрува сексуалното вознемирување преку Интернет
Жртвите се множат додека институциите тивко потрлаат
Ние, жените-активистки за човекови права од балканскиот регион, стоиме заеднички и солидарно со сите жени жртви на онлајн родово-заснованото насилство[1] и бараме од надлежните институции да постапуваат согласно нивните овластувања за темелно и неодложно да го истражат случајот со групите на платформата Телеграм (како Balkan room, Јавна Соба, Гевгелија Хаб, Српска соба, Смоква и други), да ги санкционираат сторителите и заштитат жртвите од понатамошна виктимизација.
Точно една година по појавата на ваква група на мрежата Телеграм во Македонија, која се користи за сексуално вознемирување на девојки преку објави на нивни фотографии без никаква согласност, во порнографски контекст, како и лични податоци за жртвите, сведочиме и на нови случаи на ваква злоупотреба не само во државата, туку во целиот регион. И покрај тоа што администраторите и креаторите на две од овие групи се уапсени, сметаме дека тоа е само прв чекор во пристапот до правда кој мора да им биде обезбеден на сите жртви на овој тип на кривични дела.
Институционалниот молк праќа порака дека насилството врз жените се толерира, дека не е казниво, насилниците се охрабруваат да продолжат со своето однесување, а жртвите остануваат заплашени, засрамени и неми. Случаите во Македонија, Србија и Хрватска покажаа дека против мал број од сторителите се иницираат кривични постапки и дека оние малку сторители кои се гонат, се гонат само за кривичното дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, со што е оневозможена заштитата на полнолетните жртви.
Искуствата на жените од државите од поранешна Југославија на кои со години им обезбедуваме бесплатна правна помош и други услуги, сведочат за бројни пропусти во водењето на постапките. Честопати, жените кои имаат претрпено сексуална злоупотреба онлајн, се соочуваат со несоодветен одговор од страна на институциите, како што е практиката на непостапување, неверување и релативизирање на искуства на жртвите, поради што жртвите не ѝ веруваат на полицијата и сметаат дека пријавувањето е залудно. Изрекување на прекршочни санкции и опомени за насилниците, наместо документирани и аргументирани кривични пријави, како и несоодветно спроведување на забраните за приближување и контактирање на жртвите резултира со континуирано, засилено насилството, често со сериозни последици по здравјето на жртвите, а во одреден број на случаи дури и смрт. Во однос на обвинителствата постојано забележуваме ненавремено покренување на обвинителни акти, неефикасно или без должно внимание раководење со предистражни и истражни постапки што резултирало со ненавремено или воопшто необезбедување на релевантни докази, како и непреземање на мерки кон сторителот за да се спречи продолжување на насилството кон жртвите. Сите овие институционални пропусти станаа уште повидливи со појавата на сексуално насилство и вознемирување на жени во дигиталната сфера, кое иако се случува масовно и брои илјадници жени жртви на Балканот, не добива соодветен институционален одговор, ниту пак соодветна јавна поддршка. Напротив, дискредитирање на искуствата, обвинување, засрамување и двојна виктимизација се доминантните наративи со кои жените се соочуваат.
Очигледно е дека молкот на институциите дополнително го охрабрува фунцкионирањето и одржувањето на вакви групи во дигиталниот простор, а девојките и понатаму се соочуваат со опасност по личната безбедност и нарушено достоинство и здравје. За жал, најлесниот начин за да се понижи една девојка е да се прикаже во сексуално сценарио, што само говори за ненадминливата стигма која и ден денес ја обележува женската сексуалност како срамна и недолична, а жртвите кои се ставени во тој контекст не добиваат статус на жртва, туку на жена која „сама си го барала“. Па така, украдените фотографии, во комбинација со мизогини, сексистички и насилнички коментари и третирање на жените како предмети без интегритет, чувства, желби и трауми, зборуваат за сериозни, длабоко вкоренети мизогини вредности во нашиот регион, кои мора сеопфатно и коренито и да се решаваат. За проблемот да почне да се решава, прво мора да се именува. Ова не е проблем на злоупотреба на лични податоци, па затоа и не може да се решава преку таков ограничен пристап. Ова е проблем на родово засновано насилство, со цел понижување, уценувње, замолчување и опресија на девојки и жени и доколку не се третира како таков, насилниците ќе успеат во својата цел.
Денес сме свесни дека постои и регионално вмрежување на вознемирувачи и насилници, односно отворање и администрирање на балкански групи чија цел е омаловажување и сексуално вознемирување на жени. Затоа бараме од надлежните институции сериозно и со одговорност да им пристапат на овие социјални феномени кои влијаат на најмалку половина од населението. Бараме институционална прекугранична соработка и темелна истрага и гонење на сите вклучени прекршители од регионот.
Овој случај е шанса на институциите од целиот регион да покажат дека се залагаат за женските права и заштитуваат од родово засновано насилство, фактички, а не само декларативно! Оттука, бараме од Јавните обвинителства во регионот неодложно и темелно да ги расчистат случаите со групите на Телеграм кои претставуваат кривично дело. Бараме од Министерствата за внатрешни работи континуирано да преземаат превентивни активности и да го спречуваат опстојувањето на ваквите групи. Не смееме да дозволиме одржување на состојба во која жртвите се множат, а институциите молчат и потфрлуваат во извршувањето на својата функција.
Солидарно!
ПОТПИСИ:
- Центар за младински активизам ЦМА КРИК
- Здружение за дислексија АЈНШТАЈН
- Здружение за одржлив развој СФЕРА Интернешнал Битола
- Здружение на граѓани - Младите можат
- Центар за едукација и развој - ЦЕД
- Европско здружение на студенти по право - ЕЛСА Македонија
- Здружение за мултикултурна интеграција Инклузија
- Здружение на правници ЛЕГАЛ Тинк
- Регионална ромска образовна младинска асоцијација
- Здружение СВТ Алумни Скопје
- Центар за интеркултурен дијалог
- Фондација за интернет и општество Метаморфозис
- Здружение на граѓани - Ромаверзитас
- Лидери за едукација, активизам и развој
- Креактив
- Секција на млади на Сојуз на синдикати на Македонија
- Здружение Станица П.Е.Т. Прилеп
- Македонско здружение на млади правници
- Опции за здрав живот - ХОПС / Healthy Options Project Skopje - HOPS
- Фондација Отворено општество - Македонија (ФООМ)
- СУБВЕРЗИВЕН ФРОНТ Скопје / Sexual and Gender Minorities Association SUBVERSIVE FRONT Skopje
- Младински образовен форум - МОФ / Youth Educational Forum - YEF
- Period. The Menstrual Movement Skopje
- Здружение на правници Роми
- Reporting Diversity Network 2.0
- Хелсиншки комитет за човекови права - Скопје / Helsinki Committee for Human Rights of the Republic of Macedonia
- Коалиција Маргини / Coalition Margins
- Здружение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. - Скопје / Tiiiit! Inc. - Skopje
- Здружение за локален и рурален развој / Association for Local and Rural Development
- ЛезФем / LezFem
- Организација на жените на општина Свети Николе / Organization of Women of the Municipality of Sveti Nikole
- Здружение за едукативен развој - Еквалис / Association for Educational Development - Ekvalis
- Хуманитарно Здружение „Мајка“, Куманово / Humanitarian association “Mother”, Kumanovo
- ТАКТ / TAKT - Together Advancing Common Trust
- Рурална коалиција / Rural Coalition
- Реактор - Истражување во акција / Reactor - Research in Action
- Национален совет за родова рамноправност (СОЖМ)
- Мрежа Стела / Stella Network
- ХЕРА / Health Education and Research Association, HERA
- Акција Здруженска / Akcija Zdruzenska
- Здружение на граѓани за еднакви можности „СЕМПЕР, Битола / “Association of equal opportunities “SEMPER”, Bitola
- Женски Форум Тетово / Women’s Forum Tetovo
- Женска граѓанска иницијатива АНТИКО / Women's Civic Initiative – “ANTICO”
- Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство
- Здружение за локален развој - Камењане / Association for Local Rural Development - Kamenjane
- Здружение за промоција на статусот на жените во македонија „Женска акција“, Радивиш / Association for Promotion of the Status of Women in Macedonia "Women's Action", Radovish
- Здружение на граѓани „СУМНАЛ / “Association of Citizens "SUMNAL"
- Здружение на граѓани „Флоренс Најтингел“, Куманово/ Association of Citizens “Florence Nightingale”, Kumanovo
- Здружение на социјални работници на Град Скопје / Association of Social Workers of the City of Skopje
- Кризен центар „Надеж“ / Crisis Center "Hope"
- Здружение на турчинки во Македонија, „ДЕРЈА“ / Organization of Turkish Women in Macedonia,“DERJA”
- Организација на жени на Град Скопје, ОЖС / Organization of Women of the City of Skopje, OZS
- Организација на жени „Кумановка“, Куманово / Organization of Women "Kumanovka" , Kumanovo
- Организација на жени на Општина Велес / Organization of women from the municipality of Veles
- Женска граѓанска иницијатива „КЛЕА“, Битола / Women's Civic Initiative "KLEA" – Bitola
- Младински центар за еднакви можности / Youth Center for Equal Opportunities
- „Една може“ Скопје / “One Can” Skopje
- Здружение за родова еднаквост „Визија“, Кавадарци / Association for Gender Equality „Vision“, Kavadarci
- Комора на психолози на Република Северна Македонија / Chamber of Psychologists in Republic of North Macedonia
- Здружение на жени ромки и млади „Лулуди“ / Roma Women and Youth Association "Luludi"
- Скај Плус Струмица / Sky Plus Strumica
- Медуза - феминистичка платформа / Meduza - Feminist platform
- Women's Rights Center (Centar za ženska prava)
- Human Right Action (Akcija za ljudska prava)
- ANIMA- Center for Peace Education (ANIMA - Centar za mirovno obrazovanje)
- SOS Hotline Berane (SOS Telefon Berane)
- SOS Hotline Podgorica (SOS Hotline Podgorica)
- Women's Safe House (Sigurna ženska kuća)
- Association of Youth with Disabilities (Udruženje mladih s hendikepom)
- 70.NGO Juventas (NVO Juventas)
- Udruženje "Žene juga" Pirot
- NVO ASTRA
- BeFem feministički kulturni centar
- NVO ATINA
- Ženska pomoć sada - SOS telefon za žene i djecu žrtve nasilja
- Kolektiv mladih žena FEMIX
- Udruženje građana “ Žene za mir”
- Alternativni centar za devojke
- Žene u crnom
- ROZA Udruženje za radna prava žena
- Rekonstrukcija Ženski fond
- Ženergija Hub
- Impuls Tutin
- Centar za ženske studije, Beograd
- Incest Trauma Centar - Beograd
- Kulturni centar DamaD
- Centar za podršku ženama, kikinda
- UŽ TEUTA-TIM, TRSTENIK
- Udruženje građanki FemPlatz
- Ženski centar Šabac
- Fondacija CURE- Sarajevo
- Ženska soba - centar za seksualna prava
- Romski centar za žene i decu DAJE
- Centar za žene žrtve rata - ROSA
- CENTAR ZA PODRŠKU I RAZVOJ CIVILNOG DRUŠTVA "DELFIN"
- B.a.B.e. Budi aktivna. Budi emancipiran.
- Ženska udruga IZVOR
- Udruženje Romkinja Osvit - Niš
- Udruga žena Romkinja u Hrvatskoj “”Bolja budućnost”
- Udruga žena Vukovar
- Ženska grupa Karlovac “Korak”
- Centar za devojke
- Sigurna zenska kuca
- Centar za razvoj zajednice LINK
- Udruga za ljudska prava i građansku participaciju PaRiter
- Udruženje žena Peščanik
- Autonomni ženski centar, Beograd
- UG “ Romani cikna” Kruševac
- IZ KRUGA - VOJVODINA, Novi Sad
- SOS za žene i decu žrtve nasilja Vlasotince
- Labris - organizacija za lezbejska ljudska prava
- PAOR- Panonska Antifašistička organizacija
- Centar za podršku i razvoj civilnog društva “DELFIN”
- ANIMA Centar za žensko i mirovno obrazovanje
- Ženski centar Užice
- Inicijativa Verujem ti
- Bibija Romski zenski centar
- Inicijativa Nećemo Prećutati
- Centar za ženske studije Zagreb
- Forum žena Prijepolja
- SOS Rijeka - centar za nenaslje i ljudska prava
- Udruga žena Nit
- Sigurna ženska kuća
- Udruga ”HERA” Križevci za zaštitu i promicanje ljudskih prava
- Ženska mreža BiH
- UŽ “SEKA” Goražde
- Fondacija “Lara”
- IN fondacija
- Inicijativa Građanke za ustavne promjene
- Centar ženskih prava
- Inicijativa građanki/na Mostar
- Helsinški parlament građana Banjaluka
- Fondacija Udružene Žene Banja luka
- Udruženje žena “Priroda” Bratunac
- NVO “SPES”
- Udruzenje zena Romkinja”Bolja buducnost” Tuzla
- Ženska romskamreža”Uspjeh” Bosna i Hercegovina
- Latcho Dive- Association for Roma Women Development - Skopje