Дознајте повеќе за младинските програми за род и феминизам, активно граѓанство, креативно актвистички интервенции и онлајн активизам.
Еквалис се залага за адресирање на теми поврзани со изградба на мирот, поттикнување на луѓе од различни етнички, како и социјални позадини да градат визии за заедничка иднина, како и овозможување на средина во којашто помирувањето настанува преку дијалог и отворен простор.
Младинската мрежа за еднаквост на Еквалис е опративно дело на организацијата што е составено од активисти од целата државата коишто работат на полињата: родова еднаквост, ЛГБТИ+ еднаквост и меѓуетнички соживот.
Визијата на Мрежата е инклузивно општество за сите млади.
Мисијата на Младинската мрежа за еднаквост е да ги вклучи младите од маргинални идентитети во процесите на донесување одлуки и да ги елиминира стигмите, предрасудите и стереотипите кон преку креирање безбеден простор, активизам, лобирање и локална волонтерска работа.